European Heritage Makers Week in North Macedonia 2019 Европска недела на креатори на културно наследство во Северна Македонија 2019

North Macedonia
March 11th, 2019 - May 14th, 2019

Loading
Loading Map

Related Info

 

Ако сте младо лице на возраст од 12 до 18 години и ако сте заинтересирани за разгледување, истражување и доживување на околината и наследството околу вас, тогаш вие сте вистинскиот #КреаторHаHаследство којшто го бараме! Се што треба да направите е да побарате од вашиот родител или законски старател да постави слика или видео од наследството што сте го одбрале и кратка информација за вас (вклучително и името и возраста) преку веб-страницата на ЕДКН (EHD) и вашата приказна ќе биде објавена на EHD Portal (порталот на ЕДКН).

Со цел вашата приказна да биде промовирана, ви даваме на знаење дека приказните треба да бидат поднесени во присуство и со асистенција од страна на родител, законски старател, наставник, музејски едукатор, итн.

Чекор еден: Одете до делот Visitor Book (Книга на посетители) на оваа страница

Чекор два: Кликнете на копчето Share your story (Споделете ја вашата приказна)

Чекор три: Пополнете ги бараните податоци и испратете ја приказната

Кратко време по поставување на приказната, Националниот координатор на вашата држава ќе ја одобри приказната и вие ќе можете да ја видите вашата приказна во Visitor book.

Прочитајте ги деталните Правила за учество овде.

Откако вашата приказна ќе биде објавена на веб-страницата, споделете ја на социјалните мрежи и инофрмирајте ги сите дека сте дел од тимот на #Heritage Makers #Креатори  на културно наследство!

4 visitors have been on this event

Have you been there as well?

Let us know: Yes, I have or share your story with others