Тематската изложба „Жанр сцените од Колекцијата на Национална галерија“

Jordan Mijalkov 18, Skopje, North Macedonia
Show on the map
07 September 2022
Overview

Тематската изложба „Жанр сцените од Колекцијата на Национална галерија“ е програмска изложба од Годишната програма на Националната галерија, и ќе биде отворена на 7 септември, во Мала станица, со почеток од 13часот.
На изложбата ке бидат изложени околу 80-ина дела во различни сликарски техники и скулптури кои се карактеризираат со буквална „секојдневност“ и „обичност“ на претставување на сцените, со задолжителна дискретна поента во постоечките елементи на драматика, сатира, дидактика, па се до вклучување на романтизам и сентименталност. Жанр-сцената го опфаќа човекот како фокус, во неговото опкружување. Се забележува претстава на пазари, ентериери, ликови во ентериер, улични настани.
Додека, во воопштената смисла на темата, тука спаѓаат селскиот и градскиот мотив, како и верските мотиви, со присуство на човекот и спонтани животни ситуации кои како краен ефект ја доловуваат уметничката визија на вистинската слика на животот, во која секој гледач може да почувствува поврзаност и близина.
Преку оваа тематска изложба, се добива ретка можност да се видат дела од депоата на Национална галерија, некои неизложувани, а некои по подолг период ќе бидат претставени на јавноста. Делата се од исклучителна важност, и воедно, ова е тема која не била застапувана повеќе години, така што е нагласен едукативниот момент кај младите генерации, да се запознаат со нашето културно богатство, и реномираните автори од нашите простори, од државата и поранешните бивши југословенски републики, во сопственост на Националната галерија. Селектиран е конкретен ликовен мотив- жанр-сцена, со презентирање на дела од фундусот на Националната галерија, која изобилува со вакви теми.
Авторите се повеќемина на број, од нашата ликовна сцена, како и од бившите југословенски простори.
Тука, може да се спомне само одреден дел автори застапени на оваа изложба: Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Љубомир Белогаски, Димче Протуѓер, Василие Поповиќ- Цицо, Томо Владимирски, Богољуб Ивковиќ, Александар Ивановски Карадаре и др.
Додека од странските автори застапени на оваа изложба ќе бидат Коста Хакман, Целестин Медовиќ, Вилим Свечњак, Крсто Хегедушиќ, Омер Мујаџиќ, Миќа Поповиќ, Надежда Петровиќ, Весна Соколиќ и др.

Address
Jordan Mijalkov 18, Skopje, North Macedonia

41.9878795, 21.4322273

Enter an address like "Chicago, IL".